X
 18.03.2015 Здравје

Вашата зависност од кафе е добра за вас и вашето здравје

Кафето е едно од најубавите видови на задоволства во животот на луѓето: овој вкусен топол пијалок исто така е и одличен за вашето здравје.

Кога научниците ги испитаа долгорочните здравствени ефекти на кафето, тие открија дека во целина, кафето има одлична корист за нас.

Всушност, најдобрите експерти даваат неколку препораки, и откриваат дека 3 до 5 чаши кафе во текот на денот, се дел од здравата исхрана на човекот. Во повеќето случаи, се чини дека кофеинот е одговорен за сите здравствени придобивки, меѓутоа се покажа дека исти здравствени придобивки носи и безкофеинското кафе.

Ви ги нудиме добрите и лошите страни на пиењето на кафе.

Позитивни здравствени придобивки поврзани со пиење кафе


1. Ја намалува стапката на дијабетес тип 2
- Неодамнешно истражување открива дека оние коишто пијат кафе имаат понизок ризик за дијабетес тип 2 од оние кои не пијат.

2. Намалена стапка на кардиоваскуларни болести - 36 истражувања кои го испитувале ова прашање откриле дека луѓето коишто пијат кафе 5 шолји дневно, имаат пониски стапки за болести на срцето.

3. Понизок ризик од Алцхајмерова болест, Паркинсонова болест и деменција
- Иако ова не е најдобро истражувано поле, во 2010 година 11 истражувања откриле дека луѓето што пијат кафе за 16% имаат помал ризик од развој на Алцхајмерова болест или други форми на деменција, како и пониски стапки на Паркинсонова болест.

4. Пониска стапка на некои видови на рак
- 59 истражувања од 2011 година откриваат дека обожавателите на кафе имаат пониски шанси за развој на рак во целост, а секоја чаша го намалува ризикот за 3%.

5. Ги подобрува атлетските перформанси и меморијата
- Да, изненадувачки е за многу луѓе, меѓутоа експериментите покажуваат дека консумирањето на кофеин доведува до скромно и краткорочно подобрување на атлетските перформанси, во активности како што се спринт, велосипедизам, кревање тегови и трчање на долги патеки. Исто така, кафето се поврзува и со подобрување на меморијата.

Негативни здравствени ефекти поврзани со кафето

1. Повисоки стапки на одреден вид на рак -
И покрај придобивките кога станува збор за неколку видови на рак, пиењето на кафето е поврзано со поголем ризик од другите видови на рак како што е ларингеален карцином, рак на уринарниот тракт и рак на белите дробови.

2. Висок холестерол - Краткорочните испитувања откриле дека пиењето на кафе го зголемува холестеролот и липопротеините и триглицеридите.

3. Анксиозност и несоница -
За некои луѓе, консумирањето на кофеин, особено во повисоко ниво, може да предизвика анксиозност и проблеми со спиењето. Ова често може да се реши со намалувањето на внесување на кофеин, особено после попладневните часови.

4. Зависност - Во целина, навиката за пиење кафе повеќе е позитивна отколку негативна. Меѓутоа, кофеинот може да предизвика зависност доколку започнете да пиете секој ден.

Неутрални ефекти од пиењето кафе

Исто така, постојат голем број области кадешто кофеинот предизвикува одредени здравствени проблеми, меѓутоа подоцна се покажало дека всушност нема никакви ефекти.

1. Кафето не влијае значително врз крвниот притисок - Пиењето на кофеин предизвикува краткорочен скок на крвниот притисок, но контролирани испитувања откриваат дека секојдневното пиење не предизвикува хроничен висок притисок.

2. Не постојат докази дека кафето предизвикува чир
- Претходно се верувало дека кафето и другите кисели материи доведуваат до чир, меѓутоа научниците велат дека чирот воглавно е предизвикан од бактериски инфекции или вообичаено поради честа употреба на аспирин и ибупрофен.

3. Кафето не предизвикува дехидратација -
Затоа што кафето е диуретик, не значи дека кај вас ќе предизвика дехидратација. Експериментите покажуваат дека помеѓу оние луѓе кои редовно пијат кафе, пијалокот хидрира исто толку ефективно колку и водата.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје