„Boys of Yoga“ е урбано јога движење предводено од шест момчиња.
Според нив, јогата е цврста, хардкор практика, исто совршена за жените, девојките, хипиците, вегетаријанските активисти колку и за еден просечен човек. Во видеото подолу, момците зборуваат за својата страст кон јогата и како таа може да му го промени животот на еден човек кон подобро, и покрај верувањата дека јогата е „женска“ зона.
„Некои луѓе сметаат дека јогата те прави помалку маж. Вистината е дека те прави подобар маж“, велат тие.