X
 09.01.2015 Наука

Шимпанзата се попаметни отколку што мислевте

Следниот пат кога некој ќе ви каже дека мајмуните се глупави, покажете им го ова.


Вашо била шимпанзо кое го учело јазикот за глувонеми. Една од чуварите на Вашо била бремена и не одела на работа повеќе недели откако имала несакан абортус.

Вашо ја поздравила Кет (чуварката) на начин на кој покажала дека и' е налутена кога се вратила на работа. Кет и' се извинила на Вашо, а потоа одлучила да и' ја каже вистината и и' кажала дека нејзиното бебе умрело. Вашо гледала во неа, а потоа погледнала надолу. Конечно, таа погледнала во очите на Кет и со рацете го направила знакот за плачење, допирајќи го нејзиниот образ и влечејќи го прстот долу во насока по која би паднала солзата (шимпанзата не плачат).

Кет подоцна изјавила дека само овој знак и' кажал повеќе за менталните способности на Вашо отколку сите подолги, граматички точни реченици.

Самата Вашо загубила две деца. Едно од нив починало набргу по раѓањето, а другото кога имало само два месеци. По смртта на нејзините деца, и' било донесено десетмесечно бебе шимпанзо за чување.

Кога и' било кажано за бебето таа била возбудена и го покажала знакот за бебе повеќепати, а потоа и „кажала“ „Мое бебе“. Кога и' било донесено бебето, таа не ја покажувала истата возбуда, но веќе следниот ден тие биле поврзани и таа била целосно посветена на малото шимпанзо.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука