X
 19.11.2019 Живот

По три децении фотографирано едно од најретките животни на светот

Во една шума на југот од Виетнам е фотографиран мал и многу редок вид цицач кој личи на елен, а кого научниците не го виделе речиси 30 години, соопштија од групата за зачувување на видовите „Global Wildlife Conservation“.

Животното познато и како виетнамски глувчест елен е фотографирано во дивината.

Најмалиот цицач со копита оди на врвот на копитата, има два остри песјаци и крзно со сребреникав сјај.

Овие животни обично се срамежливи и осамени. Тие ѝ припаѓаат во фамилијата Tragulidae.

Во зависност од видот, малиот елен може да тежи од 2 до 15 килограми.

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот