X
 13.01.2015 Технологија

Како да ослободите простор на ајфонот?

Вашиот ајфон е полн работи кои не ви се потребни. Ослободете се од нив.


Проверете што одзема најмногу простор

Отворете „Settings“, па одете во „General“-„Usage“-„Manage storage“. На врвот ќе видите колку простор користите. Подолу ги имате апликациите и местото кое го заземаат.


Внимавајте на внатрешните преземања на апликациите

Броевите кои ги гледате во „Manage storage“ го вклучуваат и просторот кој го зазема апликацијата заедно со податоците во неа. Некои апликации се мали, но имаат многу документи. Притиснете на секоја апликација посебно за да видите колку простор одземаат податоците поврзани со неа.



Избришете ги непотребните игри

Многу игри се мали, но некои заземаат простор поголем од 1 гигабајт. Можеби имате некои стари игри скриени во телефонот кои повеќе не ги играте. Проверете и избришете ги таквите.



Избришете стари видеа и песни

Сите тие видеа или песни заземаат простор. Избришете ги доколку не ви се потребни.



Пораките може да исчезнуваат автоматски

Со „iOS 8“ може да подесите автоматско бришење на старите пораки. Одете во „Settings“ - „Messages“. Под „Keеp message“ одберете 30 дена или 1 година.



Користете „Гугл +“ или „Дропбокс“ за чување фотографии

Може да зачувате простор доколку фотографиите автоматски се прикачуваат на систем за чување на интернет. Ги препорачуваме „Гугл +“ и „Дропбокс“. Сè што треба да направите е да ја преземете апликацијата, да направите профил доколку немате и да одберете „Auto back-up“ под „Settings“.



Престанете со користење на „Photo stream“

Системот автоматски ги синхронизира вашите последни 1.000 фотографии на сите направи. Тоа значи чување на истите фотографии најмалку двапати. Во „Settings“ одете во „Photos & Camera“ и исклучете го „My photo stream“.



Проверете го делот „Other“ во „iTunes“

Оваа категорија ги чува вашите мејлови, музика и податоци од сурфање на интернет, кои понекогаш заземаат повеќе простор од потребно. Најлесен начин за решавање на проблемот е зачувување на податоците на „iTunes“. Одете во „iTunes“ и зачувајте ги податоците од телефонот на компјутерот со „Back up now“. Одберете „Restore iPhone“, па „Restore backup“.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија