X
 31.03.2015 Технологија

Како да ја активирате опцијата за јавување на WhatsApp?

Моментално WhatsApp е една од најпопуларните мобилни апликации низ светот. Апликацијата овозможува испраќање пораки, фотографии и видео на пријателите преку интернет. Голем број луѓе се одлучуваат за овој вид на комуникација со нивните пријатели.

 

апликација


Овие денови WhatsApp овозможи опција за јавување, за корисниците на Android, но не е достапна за сите луѓе директно. Доколку сакате да ја активирате оваа опција тогаш треба да ги направите следните чекори.

1. Одете во Google Play и спуштете ја или ажурирајте ја апликацијата WhatsApp messenger.

2. Замолете пријател кој има WhatsApp и тој да ја активира опцијата.

3. Нека ви ѕвони преку WhatsApp.

4. На тој начин опцијата се активира, меѓутоа пред тоа треба да го исклучите и приклучите телефонот.

 

1


Откако ќе го приклучите телефонот кога ќе влезете во апликацијата на екранот ќе можете да видите три колони, вклучувајќи една за јавување.

Иако постојат неофицијални опции кои можат да се спуштат, најдобро би било опцијата да ја спуштите или преку Google Play, или преку официјалната страна на WhatsApp. Исто така, верзијата на WhatsApp треба да ви  биде 2.11.561.  
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија