X
 30.04.2015 Технологија

Приказната позади успехот на Apple

Уште од 2010 година Apple стана една од највредните компании во светот. Доказ за тоа е фактот што постојано се наоѓа меѓу најдобрите компании во светот.

 

apple


Причината зошто Apleе е толку високо ценета компанија е тоа што таа прави доста популарни производи. Тоа не` тера да се запрашаме, која е приказната позади успехот на Apple?

Од Apple I до Стив Џобс 2.0

Уште од првиот Apple компјутер (Apple I, кој беше само матична плоча без монитор и тастатура) па се` до iWatch, ова е целосната хронологија на Apple компјутерот.

Apple, основан од Стив Џобс и Стив Вознијак започнал како бизнис на комплет на компјутер со Apple I. Ова првично производство најмногу ќе се памети по тоа што и` помогнал на компанијата да добие доволно капитал за да го создаде Apple II во 1977 година. Вознијак првенствено ги создал двата компјутери, додека Џобс раководел со маркетингот.

Apple II ги донесе приходите на компанијата, се` до 1980-те години и покрај тоа што хардверот останал ист. Apple се обиде со ажурирање како Apple III и Apple Lisa, меѓутоа не успеале да го привлечат вниманието на клиентите. Иако Apple II се`уште се продава, во текот на 80-те Apple започна да навлегува во неволја.

Објавувањето на Macintosh во 1984 година беше чекор напред за компанијата, меѓутоа и покрај тоа компанијата водеше внатреша борба за контрола, со што резултираше во отпуштање на Џобс. Џобс ја напушти компанијата и се вработи во NeXT Inc. Под водство на Џон Скули, Apple започна да ги зголемува своите производни линии.

Скули ја водеше компанијата како извршен директор се` до 1993 година. Во текот на овие години, Apple забележа силен раст создавајќи нови производи, вклучувајќи ги ласерските печатари, Macintosh Portable, PowerBooks, Newton и многу други. Производите на оваа компанија започнаа успешно да се продаваат со што доведе до силен финансиски резултат. Во текот на истиор период, започнаа да се продаваат и компјутери со Windows кои беа попримамливи за луѓето кои сакаа компјутери дома, меѓутоа не можеа да си го дозволат Мас. Се чинеше дека иако Apple заработува пари, сепак беше заглавен.

Двата извршни директори Мајкл Спиндлер и Гил Амелио не успеале да донесат успех за Аpple, со што Windows стана индустриски стандард, додека Apple OS започна да покажува знаци на старост.

Амелио сметаше дека единствен излез од кризата е купувањето на NeXT Inc. - компанијата која ја водеше никој друг туку самиот основач на Apple, Стив Џобс.

Втора шанса за Стив Џобс

Од воведувањето на Macintosh па се` до денес, Аpple стана одраз на менаџментот на Стив Џобс. Со Мacintosh, компанијата се обидуваше да создаде машина едноставна и пријатна за корисникот. Целта на Џобс беше да создаде искуство за корисникот кое ќе ги убеди сите да купат Мас. Тој верувал дека вистинскиот револуционерен производ не може да зависи од потребите и желбите на клиентите бидејќи тие не го разбираат квалитетот на производот се` додека не го купат. За жал, тој размислувал напред - точно 12 години пред своето време.

Кога Џобс повторно застанал на чело на Аpple во 1997 година, започнала дигиталната ера во Apple. Тој го лансирал iMac-от со силна маркетинг кампања во која бил вклучен слоганот „Think Different“. Иако Џобс често пати бил критикуван дека троши пари и време беспотребно, тој секогаш бил одличен во маркетинг и брендирање. Вистинската разлика меѓу iMac и останатите производи на пазарот беа неговатра убавина и дизајн.

Тој не беше како и секој друг компјутер на пазарот - iMac беше естетски префинета машина на пазарот. Тој беше компјутер кој никој не знаеше дека го сака се` додека не го види.

iEcosystem

iMac беше само почеток на успехот на Apple - подоцна започна да произведува уреди со нов фокус на елеганција и корисничко искуство. Така се редеа iBook, iPod, iPhone, MacBook Air и iPad. iPod-от стана вистинска доминација на пазарот на паметните телефони, а iPad-от ги убеди луѓето дека им е потребен уште еден екран од кој ќе можат да консумираат информации.

За сите овие уреди се сметаше дека имаат подобар квалитет и дизајн од конкурентните производи. Џобс беше перфекционист кога стануваше збор за дизајнот, такашто создал цела култура во уметноста на дизајнот.

Уште поважно е тоа што сите овие производи Apple ги пресели во нов бизнис модел создавајќи цврст екосистем на хардвер, софтвер и содржина. iTunes не беше созададен како едноставна програма за корисниците да можат да префрлаат Mp3 во нивните уреди, туку беше концепт со кој Apple започна да заработува пари.

Со тоа што стана првиот подвижник на ваквиот пазар, Apple успеа да ги постави правилата на играта - на тој начин, секој оној кој плаќа за книги, филмови, апликации и музика на Apple уред, компанијата добива дел.

Едно е јасно - откако ќе купите било каков Apple уред, повеќе никогаш нема да сакате да се вратите на било кој друг уред.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија