По објавувањето на денешната информација дека УКИМ предложил а МОН го прифатил предлогот државниот испит да биде пилот-проект, на својата Фејсбук страна се огласи Студентскиот пленум на УКЛО:
Лажат и повторно сценираат конструктивност!Комплетна непрофесионалност од медиумите, но нас (и вас) тоа не нè изненадува.
1. Пилот-тестирање беше предвидено и пред да се достави ова „барање“ (во коментар ќе го ставиме видеото од седницата постирано на 21.12.2014)
2. Во документот од ректорската управа (ќе го приложиме во коментари), се бара одложување на „реформите“ и детални анализи за проблемот во високото образование и воопшто во ЦЕЛИОТ образовен систем. Документот е доставен денес (13.01.2015)
Сличен документ е доставен и на 26.12.2014 по вонредната седница на ректорската управа.
3. Хипотетички и да се договориле, тоа е ПРОТИВ волјата на студент(к)ите, средношколците, професор(к)ите и сите граѓани коишто изминатиот период протестиравме (над 11 илјади луѓе). ПРОТИВ, затоа што ние не преговараме за државен испит, ниту пак бараме пилот-тестирање. Ние се изјаснавме ПРОТИВ државен испит, бескомпромисно!