X
 09.01.2015 Колумни

Владата и професорите, без студентите

Владата и МОН по најавата за закон измените во високото образование денес се веќе на второ читање во Собранието и пред половината пратеници. Специфичната политичка ситуација во Република Македонија наметнува радикални чекори на власта за да избегнат политичка криза, но вистинските познавачи на политиката и системот на решавање на политички кризи знаат дека превземените чекори на власта дополнително ќе ги заталка во жива кал.

 

Пред неколку дена се случи скандал пред еден скопски хотел. Давајќи изјава на професорите од професорскиот плениум чекајќи го министерот Адеми влета ненајавениот Премиер, како да е директно засегнат од законот за високо образование и како на пазар ги повика професорите во 13:30 да дебатираат во Собранието (самото повикување беше како за на ферка меѓу пубертетлии). Професорите или поточно една професорка прифати, но подоцна се предомислија дека всушност тие не седнувале на дебата додека Владата и МОН првично не го повлечат предлог –законот, па подоцна да се изнесат ставовите зошто да, а зошто не, државен (екстерен) испит. Сепак, дебата во Собранието имаше и без нив на каков начин не би говорел. На таа дебата имаше и навреди, имаше и пофалби, но се тоа беше само дел од глумењето на дебата за оправдувањето на нешто што несмее ни да се замисли.

Студентите изостанаа. Никој не ги ни вика, ниту спомнува, како да не се засегнати. Всушност, Премиерот и Министерот се свесни дека студентите се најважниот фактор во целава оваа мешаница што ја наметнаа самите. Премиерот насекаде почна да зборува дека државниот испит нема да го спроведуваат тие, туку одборот за акредитација и евалуација која ќе биде со девет членови избрани од Собранието а не од Владата (ова го говори како да Собранието е некое независно тело и одлуките ги носи независно од определбата на Владата), и второ што е спорно, Собранието е моментално во нецелосен состав и наместо решавање на проблеми што се суштествени за напредокот на Република Македонија, тие се фаќаат за сосема нешто трето кое дополнително ја отежнува состојбата во државата. Можеме да дојдеме до заклучок дека на крајот студентите,останаа самите на себе, најавуваат некаква граѓанска непослушност ако се донесе законот за високо образование но сега засега тоа е сеуше нејасно како би се спроведувало. Груевски и Адеми решителни во својата наума за Државен испит како да е единствено решение за подобрувањето на Високото образование, а всушност тоа е дополнително непотребно товарење и за административните работници и за студените, но и понижување на високообразовната дејност (која најверојатно е целта на оваа влада). Професорскиот и студентскиот плениум во понатамошниот период ќе се борат со секакви механизми, нормално во рамките на законската процедура, да го стопираат овој мистериозен предлог –закон за високо образование, мистериозен затоа што не решава суштествен проблем, се носи без некаква анализа дека е потребен и Владата и МОН сигурни дека тоа е решението. Претседателот на СПУКИМ како да го снема, како да воскресна, ниту изјава ниту да се појави жив некаде да го видиме, како да во овој закон се работи за намалување на платите на професорите и тој е спокоен. Состојбата во државата е таква што политичките власти мора да превземат нешто да го свртат вниманието на граѓаните. Политичката криза во Собразнието и немањето на легалитет на законите што ги носи собранието од друга страна пак тензии во политичките закрила на партиските ограноци и кај власта и кај опозоцијата. Се ова не е залудно да се спомене, затоа што коренот на ваквите радикални чекори лежат во оваа политичка криза која сакаат да ја скријат и да наметнат нормалност,и нормално функционирање на системот во Република Македонија. На крајот, останува да кажеме дека покрај се што се уништи во оваа држава да не им оставиме да го уништат и последниот надеж за оправка послем нив, а тоа е високто образование, ткивото на промените во општеството, нешто што и најавторитарна политичка структута не би чепакало.



Објавувањето колумни од надворешни автори е одраз на намерата „Факултети.мк“ да биде влијателен глас на студентите и младите луѓе. Но, напоменуваме дека не се согласуваме секогаш со ставовите што ги изнесуваат нашите колумнисти, особено кога станува збор за лични дисквалификации, етикетирања без основа и извртување на контексти со цел да се наштети на други личности од која било сфера. „Факултети.мк“ се оградува од таквиот речник и конотации и ги смета за непримерни во јавната комуникација.
 
Подготвил: Стефан Васев, студент на родови студии при УКИМ

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Колумни