X
 15.01.2015 Култура

"Најлошиот" германски збор на годината е ...


На почетокот на седмицата, повеќемина лингвисти од Германија го прогласија Lügenpresse за победник во годишниот натпревар за најлош збор на годината. Годишниот настан ги критикува фразите кои добиле штетно значење во земјата во изминатата година.

Меѓутоа, крунисувањето на Lügenpresse претставува проблематичен тренд. Фразата од ерата на Нацистите, што значи „лажно новинарство“ се поврзува со активистите за анти-имиграција, а во последните месеци, овие луѓе бараат од медиумите да „ја кажат вистината“ за имигрантите во Германија.

Помеѓу другите победници од изминатите години се наоѓаат Sozialtourismus (социјален туризам), што, исто така, се поврзува со доселениците во Германија, како и Döner-Morde (Донер убиство), што се поврзува со убиствата на турските и грчките луѓе.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура