X
 21.01.2015 Наука

Учењето јазик на 10-годишна возраст ја подобрува моќта на мозокот

Бројните истражувања покажуваат дека учењето на странски јазик ја подобрува моќта на мозокот но новите истражувања покажуваат дека најдобри резултати постигнуваат оние кои со учење започнуваат подоцна во детството.

Истражувањето направено и објавено во магазинот „Proceedings of the National Academy of Sciences“ покажува дека луѓето кои од 10 години започнале да го изучуваат англискиот јазик и кои секојдневно го користеле и слушале, имаат подобрена структура на мозокот во споредба со оние кои пораснале зборувајќи само англиски и кои не учеле друг јазик. Ова „високо ниво на структурален интегритет“ се наоѓа во областа на мозокот поврзани со јазик и семантичко процесирање.

Експертите проучувале скенови од мозокот на 20 луѓе, на возраст од околу 30 години, кои најмалку 13 месеци живееле во Британија. Сите тие започнале да учат англиски, како втор јазик, кога имале околу 10 години.

Скеновите се споредени од 25 луѓе на слична возраст кои зборуваат само англиски јазик.

„Секојдневното користење на повеќе од еден јазик претставува интензивна когнитивна стимулација која користи специфични мозочни структури поврзани со јазикот, чувајќи го нивниот интегритет и штитејќи ги од пропаѓање во подоцнежните години“, се наведува во истражувањето предводено од Христот Пилатсикас од Универзитетот Кент.

Научниците велат дека е потребно дополнително истражување за да се утврди кога доаѓа до овие позитивни промени на мозокот.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука