Филмот „Игра на тронови: Освојувањето на Егон“ (англ.„Game of Thrones: Aegon’s Conquest“) е закажан за 6 јуни 2029 година, а ќе го режира Овен Харис. Ова ќе биде прв филм сместен во измислениот свет на Вестерос. Овен е познат по својата работа на серијата „Витез од седумте кралства“, додека сценариото го напиша Бо Вилимон.
За дејството на филмот засега малку се знае, но приказната, според досегашните наводи, би требало да го следи Егон I, основачот на династијата Таргариен, и неговото освојување на Вестерос неколку века пред настаните од серијата „Игра на тронови“. Познат е и како Егон Освојувачот, кој со своите змејови обедини најголем дел од Вестерос и низ крваво освојување ја основа династијата Таргариен околу 300 години пред настаните од оригиналната серија.
Егон I досега никогаш се нема појавено на екраните, а сè уште не е познато кој ќе ја толкува неговата улога во филмот.
Од неговото кралско семејство подоцна произлезе и Денерис Таргариен, која во „Игра на тронови“ ја играше Емилија Кларк, како и многу други наследници, од кои многумина исто така го носеа името Егон.
Семејството Таргариен веќе беше во центарот на вниманието на успешните спиноф-серии на Ејч-би-о, „Куќа на змејот“ и „Витез од седумте кралства“.
Серијата „Игра на тронови“, заснована врз бестселерите на Џорџ Р. Р. Мартин, се емитуваше во 8 сезони од 2011 до 2019 година и освои голем број награди „Еми“.
Додека го чекаат филмот, обожавателите на светот на Вестерос ќе можат да ги следат сериите „Куќата на змејот“, која добива четврта сезона, како и „Витез од седумте кралства“.
Извор:
24sedam.rs
Фото: Screenshot/YouTube