Сигурно не е лесно да се биде тиранин. Не само што меѓународната заедница ќе ве отфрли, туку и нема да знаат како се пишува вашето име. За секој Ким Јонг-ун кој луто фрла експлозија на светската сцена, постојат многу повеќе подеднакво екстремни и убиствени лидери за кои никој никогаш не слушнал.
10. Јахја Џамех, Гамбија
Гамбија е земја со најчуден облик. Но, географските необичности немаат ништо со лудиот претседател, Јахја Џамех, кој е на власт уште од 1994 година. Џамех ја споредува хомосексуалноста со сатанизам и ја нарекува падот на цивилизацијата. Тој вети дека ќе им ја отсече главата на сите хомосексуалци кои ќе влезат во земјата.
Неговите илузии на возвишеност се легендарни. Во 2010 година, еден владин весник објави дека лично Обама на Јахја му врачил три награди, вклучувајќи ја и титулата „Адмирал на Небраска“.
9. Хосе Едуардо дос Сантос, Ангола
Огромна, богата со нафта, Ангола е земја која полека се опоравува од бруталната граѓанска војна. Таа има растечка економија, езера со нафта и претседател кој е практично невидлив.
Запознајте го Хосе Едуардо дос Сантос кој е на власт од памти век. На власт успеал да остане со тоа што воопшто не се појавува на телевизија, не оди на самити и конференции, ретко излегува од главниот град и не комуницира со другите луѓе. Единственото нешто што го прави отворено е корупцијата. Опозицијата постојано го обвинува за донесување закони за тој да го збогати неговото семејство, и закони кои се против човековите права.
8. Хасанал Болкиах, Брунеи
Малечкиот народ на работ на Борнео, Брунеи е воглавно познат по нафтата и ужасниот нејзин владетел Хасанал.
Палатата на султанот од Брунеи е најголема во светот, а неговата колекција на автомобили ќе ги засени повеќето автомобилски производители. Но, ништо од ова не се споредува со неговата опседнатост со секс. Благодарение на неговото богатство, тој може да добие што сака, а она што го сака се жените. Тој дури во 1997 година беше обвинет за киднапирање на поранешниот Мис на Америка, чувајќи ја како секс роб. Кога таа избегала и се обидела да тужи, тој едноставно тврдел дипломатски имунитет.
7. Теодоро Обианг Нгуема Мбасого, Екваторска Гвинеја
Малечката земја богата со ресурси, која се наоѓа на западниот брег на Африка е дом на најдолгиот диктатор на континетот: Теодоро Обианг Нгуема Мбасого.
Неговото владеење е ужасно. Нема доволна инфраструктура, а повеќето очајни граѓани немаат пристап до вода или болници. Тортурата е ендемска, а демократијата претставува шега.
Веројатно најлошо од се` се камповите за измачување во кои затворениците постојано се тепаат.
6. Исаиас Афеверки, Еритреја
Земја со просечна големина, Еритреја е позната по своите деца војници, државното измачување и убиства на граѓаните кои се обидуваат да избегаат од нејзините граници. Во државата не постои устав, не постои независно судство, а голем дел од граѓаните го поминуваат животот во буквално ропство.
Претседателот Исаиас е опседнат со самодоволноста до таа мера што неговиот народ го носи до смрт од глад. Кога гладта ја погоди земјата во 2009 година, тој ја одби понудата за помош за храна објаснувајќи дека странската храна и помош ги демонизираат локалните луѓе и ги прави мрзеливи.
5. Емомали Рахмон, Таџикистан
Се` што треба да знаете за Таџикистан можете да го пронајдете во приказната на Савридин Џурајев. Во 2013 година Савридин бил осуден на затворска казна поради обидот за соборување на власата во 1992 година. Во 1992 година, Савридин имал 7 години.
Претседателот Емомали Рахмон нема ниту смисла за хумор ниту пак здрав разум. Во 2012 година на катастрофалниот недостиг на храна, на своите граѓани им рекол да складираат повеќе и да јадат помалку, обвинувајќи ги земјоделците за кризата затоа што не ги следеле неговите инструкции. Исто така, тој го блокирал „Youtube“ низ целата земја, поради видео погоре на кое тој пијан танцува на свадба.
4. Ислам Каримов, Узбекистан
Замислете секоја есен, вие и вашите деца да бидете принудени да го напуштите домот и работата, и да патувате во пустина за три месеци да работите како Робови. Сега замислете дека за таа работа нема да добиете финансиска награда - сега имате барем мала претстава и идеја како се чувствува просечен Узбекистанец.
Владата на Ислам Каримов минатата година, гордо прогласи остварено намалување на злоупотребата на детски труд. Не го елиминира, туку го намали. Во 2014 година Узбекистан си честиташе себеси за поробување на помалку деца од обично.
Но, ова не е најлошата работа што Каримов ја има направено. Тој е виновен поради масакри, тортура, религиозно прогонување и елиминирање на слободата на изразување. Во 2013 година тој го забранил Дедо Мраз. Дури и неговото семејство не е безбедно - се смета дека неговата ќерка се наоѓа во некоја од затворските ќелии на Узбекистан.
3. Пол Бија, Камерун
Една од најнапредните земји во централна Африка, Камерун има едно од највисоките нивоа на корупција во светот. Таа, исто така има и најчуден диктатор: поранешниот премиер Пол Бија, кој подолго време поминува надвор од земјата, отколку во земјата.
За човек кој сака да биде запомнет како ја донесува демократијата во Камерун, Бија има направено многу за да ја поткопа. На власт е уште од 1982 година, а обвинет е за местење на изборите, замолчување на опозицијата и затворање на новинари кои се осмелуваат да шпекулираат за неговата здравствена состојба.
За еден просечен жител, животот под власт на Бија е далеку од привлечен. Во 2009 година неговите сили масакрирале 100 невооружени демонстранти.
2. Кралот Хамад Ал-Калифа, Бахреин
Потопувањето во нафта и полнењето со пари, Бахреин е најмалата држава залив. Античките Сумери некогаш островот го сметале за рај на земјата. Под власта на кралот Хамад Ал Калифа, повеќе личи на Дантеовиот пекол.
Богатиот сунитски автократ, кралот Хамад поминува толку долго време правејќи го животот мизерен за неговиот сиромашен народ, што практично изгледа како да е во неговата природа. Во 2011 година, неговата армја насилно ги загушила протестите против неговото владеење, потег предизвикан главно од неговата желба да биде домаќин на „Formula One Grand Prix“ без проблеми. За да го обезбеди она што го сака, безбедносните служиб уапсиле и измачувале луѓе.
Отогаш, работите станале полоши. Во 2014 година, бил донесен закон според кој нелегално е секое навредување на националниот симбол - а луѓето, вклучувајќи и една бремена жена, отишле во затвор поради кинењето на фотографии и шегувањето на социјалните медиуми.
1. Кралот Мсвати Трети, Свазиленд
Често опишан како „остров на диктатурата во морето на демократијата“, Свазиленд е речиси целосно опкружена со соседната Јужна Африка. Под апсолутна власт на кралот Мсвати, Свазиленд не може да се нарече функционална земја, туку фантазија на 14 годишно момче.
Се сеќавате на перверзниот Хасанал Болкиах од Брунеи? Тој е ништо во однос на Мсвати. Плебој со вкус за жени, владетелот на една од најсиромашните земји ви Африка веќе има 13 жени, и безброј љубовници. Секоја година, тој одржува бал кадешто над 10.000 голи девици се натпреваруваат да станат негова жена број 14.
Покрај тоа што е бигамист, кралот исто така е мегаломан со око за скапи проекти. Во 2014 година, тој отворил сосема нов аеродром во средината на никаде, пред да добие лиценца за воздухопловство и пред било кој да се согласи да лета таму. Цената на аеродромот била околу 10% од БДП на земјата. Во меѓувреме, скоро секој во земјата живее под линијата на сиромаштијата, а голем дел од луѓето умираат од ХИВ.