X
 29.11.2020 Живот

Студирањето е бесплатно, секој знае да скија и плаќаат данок за кучиња - интересни факти за Австрија

Сите знаеме, дека Австрија е земја на планини и шуми, дека Виена е главен град, како и дека ако сакате да вкусите оригинална виенска шницла, ќе мора да одите таму.

Секако, како најпознати Австријци би се издвоиле Моцарт и Шварценегер, но овие неколку работи за Австрија веројатно ќе ве изненадат.

1. Многу се директни

Ако барате дипломатски одговори, овде нема да ги најдете. Австријците комуницираат отворено и тука нема криење. Немојте да се навредите бидејќи во оваа земја тоа едноставно е начин на живот и се смета дека е во ред да се разговара така. Ако поставите прашање во стилот „Дали фустанот ме прави дебела?“, може да добиете потврден одговор.

2. Поглед в очи при здравица


Кај наздравувањето прилично е непристојно да гледате настрана. И кај нас се смета за пристојно гледањето в очи. Сепак, во Австрија голема е веројатноста да бидете критикувани ако не постапите така.

виена
Фото: Freepik

3. Нема Австриец што не знае да скија

Мала е веројатноста да најдете Австриец што не знае да скија. Имено, скијањето е национален спорт, па децата од мали учат да скијаат. Во некои училишта скијањето е вклучено во предметот физичкото образование.

4. Делење на креветот


Доколку се случи да мора да делите кревет со некој, бидете сигурни дека секој ќе добие своја прекривка. Имено, во Австрија се смета дека така добивате личен простор, но и гаранција дека нема да ви биде студено во текот на ноќта.

5. Лифтови

Кога ќе влезете во лифт, нека не ве изненадат броевите и буквите. Имено, ако стиснете ЕГ, ќе се најдете на приземје, К во подрумот, а буквата Д би можела да ве одведе на покривот. Едноставно, тоа се почетните букви од зборовите што во германскиот ги означуваат овие делови во зградата.

6. Плаќање данок за кучиња

Секој што има куче во Австрија плаќа посебен годишен данок, додека секој град и секое село сами си ја одредуваат висината на данокот.

7. Австријците можат да студираат цел живот


Дека никогаш не е доцна за факултет, покажува Австрија. Таму студирањето е бесплатно, а на факултет често се запишуваат и постари луѓе желни за знаење.

Извор: B92.net
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот