X
 28.10.2021 Култура

Еден од водечките светски виолинисти - Тимоти Ридаут вечерва ѝ гостува на Филхармонија

Еден од најдобрите млади виолинисти на светската сцена во моментов, Британецот Тимоти Ридаут, вечерва ќе настапи како солист со Македонската филхармонија, на концертот насловен „Зимска приказна“. Диригент на концертот ќе биде маестро Конрад ван Алфен од Холандија. Концертот ќе започне во 20 часот, a на програмата се Концертот за виола во Е-мол, оп. 85 транскрипција од Концертот за виолончело од Едвард Елгар и симфонијата број 1 „Зимски соништа“ од Чајковски.

Ридаут важи за еден од најангажираните солисти, а неговите концертни ангажмани оваа сезона вклучуваат настапи со оркестрите во Берлин, Бордо, Салцбург, Симфонискиот оркестар на Би-би-си и многу други.

- Овој четврток слушаме две ремек-дела на класичната музика. Првата симфонија од Чајковски, која подолго време не прозвучела на нашата концертна сцена, и инспиративниот Концерт за виола и оркестар од Елгар – соопштија од Филхармонијата.

фото: ФБ-страница на Македонска филхармонија

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура