X
 02.02.2015 Образование

Најавени генерални протести од СОНК за неделава

СОНК продолжува со штрајкот. Најавени се протести во среда и петок.


Одлуката била донесена на вчерашната седница на советот. Синдикатот за образование, наука и култура најави генерален протест на кој се повикани сите граѓани, покрај просветарите.

Генералниот секретар на СОНК, Весна Неделковска извести дека „на седницата е направена анализа на состојбите со генералниот штрајк и се разгледале следните чекори кои ќе бидат преземени, во однос на радикализација на штрајкот“, пренесува МОФ.

„Протестите во среда ќе бидат предупредувачки, во форма на марш или собир на едно место, а доколку надлежните министерства не покажат интерес за преговори со СОНК, протестите ќе продолжат со голем протест во петок во Скопје“, пренесува „Фама“.

Имено, во среда ќе се протестира и во Скопје, а локацијата сè уште не е одредена.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование