Ако некогаш сте посакувале да бидете опкружени со чоколади и слатки, сте сонувале за земја од бајките
со куќички од колачи и бисквити, магична атмосфера и неодоливи мириси, сето тоа ќе го најдете во
„Чоколадната земја“ во Веро-центарот.
Еден од најголемите настани поврзани со ова слатко задоволство „Чоколадната земја“ по трети пат нуди
дегустација и продажба над 1000 различни чоколадни производи од домашни и странски
производители.
Европа, Кандид, Милка, Киндер, Најлепше жеље, Марс, Баунти, Милки веј, Твикс, Сникерс, Свис лион,
Ритер спорт, Шотеген, Тофифи, Звечево, Микадо, Нестле, Карнила и Кармела нудат чиста чоколадна
возбуда од млечни, бели, црни и чоколади со разни вкусови и додатоци.
До 19 февруари потрошувачите ќе уживаат во уникатни игри и активности за најмладите, дегустација на
најдобрите чоколада и колачи, можност да научат нешто за потеклото на чоколадата, неговата
обработка, кулинарски истражувања и многу повеќе!
Веро-центарот ги повикува сите дечиња и овој викенд заедно со нивните родители да дојдат и да ги
вкусат најслатките чоколади и да уживаат во светот создаден само нив.
Ве очекуваме во Чоколадната земја.