
14 февруари, денот на вљубените „Свети Валентин“ на кој се слави љубовта е
именуван според еден ранохристијански маченик наречен Валентин.
Модерните симболи на Денот на вљубените се заоблени срца, гулаби и фигура на
крилестиот Купидон.
Како секоја година, така и оваа, Веро-центарот за своите верни потрошувачи има
многу изненадувања. По повод денот на вљубените, во Веро-центарот ќе се одржи
избор на најљубовна фотографија на највљубените парови.
Акцијата за фотографирање во љубовната купола во Веро-центарот ќе трае секој ден
од 11.00 до 21.00 часот од 9 февруари до 15 февруари, а победникот ќе се прогласи
на 15 фебруари во 12.00 часот кога и завршува гласањето.
„Сите фотографии ќе бидат прикачени на ФБ страната на Веро-центарот, а оние
фотографии со најмногу лајкови ги очекуваат вредни награди, меѓу кои Љубовен
викенд во Банско за двајца“ - изјави маркетинг менаџерот на Веро, Влатко Величков.
Бидете доволно вљубени и мотивирани, дојдете во Веро-центарот, направете ја
вашата заедничка љубовна фотографија и очекувајте вредни изненадувања.
Првите три фотографии кои ќе освојат најмногу симпатии на Фејсбук и ќе имаат
најмногу лајкови ќе бидат вредно наградени. Ве очекуваме на забава...