X
 06.02.2015 Образование

Соопштение од Владата на РМ во врска со денешната средба



На претходно барање на Универзитетскиот Сенат при Универзитетот Свети Кирил и Методиј, денес (петок, 06.02.2015 година) се оствари средба помеѓу претставници на Универзитетот Свети Кирил и Методиј во чија што делегација беа и претставници на Професорскиот и на Студентскиот пленум, и претставници на Владата на Република Македонија предводени од претседателот на Владата, г-дин Никола Груевски, министерот за образование и наука, г-дин Абдилаќим Адеми и заменик министерот за образование и наука, г-дин Спиро Ристовски.

Средбата е дел од иницираниот дијалог помеѓу Владата и универзитетите за унапредување на квалитетот во високото образование. На средбата и двете страни изразија подготвеност за одложување на примената на последните измени на Законот за високото образование за една година, меѓу кои што и одложување на спроведувањето на државниот испит за една година и за спроведувањето на обврската за објавување на научни трудови во списанија со импакт фактор за две години. Во меѓувреме, беше договорено во периодот што следи да продолжи дискусијата на ниво на работни групи од двете страни во насока на подобрување на пакетот закони за реформи во високото образование, односно носење на нов закон за високо образование.

Владата изразува отвореност и подготвеност низ еден поширок транспарентен и инклузивен процес заедно со релевантните чинители заеднички да се работи на градење на квалитетен систем на високо образование.

Владата е благодарна за конструктивниот пристап на универзитетите, односно професорите и студентите и за нивниот досегашен и иден придонес во унапредување на стандардите и квалитетот во високото образование.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование