X
 07.03.2024 Образование

Се унифицираат платите на државните универзитети - По скратена постапка донесени измените на Законот за високо образование

Собранието попладнево на 147 седница по скратена постапка го донесе законот за дополнување и измени на Законот за високото образование откако претходно беше разгледан на матичната комисија, каде што не биле усвоени амандмани и немаше дополнителни предлози за расправа.

При утврдувањето на дневниот ред на оваа седница, пратеникот Арбер Адеми соопшти дека со дополнувањата на Законот за високото образование ќе се унифицираат платите на сите државни универзитети, со што, рече, ќе се постигне усогласување на коефициентите и ист статус на вработените на сите универзитети.

Откако беше потпишан Колективен договор со Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, синдикатите на пет јавни универзитети – во Битола, Тетово, Штип, „Св. Апостол Павле“ – Охрид и „Мајка Тереза“ – Скопје од Собранието како нивни основач побараа да се потпишат и нивните колективни договори за да не бидат дискриминирани и во нерамноправна положба во однос на Скопскиот универзитет.

Како што беше посочено, поради политичките околности и законски бариери овие универзитети биле ускратени да ги остварат овие права и за иста сложеност, ист обем на работа и исто образование да се добива иста плата на јавните високообразовни и научни установи.

-Заради изедначена вредност на коефициентот за исплата на плата на вработените во јавните високообразовни установи од буџетската сметка и заради развојот на високообразовната дејност во земјава, со законски дополнувања се усогласуваат коефициентите и законски се доведуваат во рамноправна положба сите вработени во јавните високообразовни установи - се наведува во образложението.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование