Студентските и професорските претставници на Унјиверзитетот "Св. Кирил и Методиј" (УКИМ) досега се состанале три пати, а состаноците им траеле со часови. Како што дознаваме, иако во првата фаза се утврдуваат технички работи, односно се утврдува на пример, колку глави ќе содржи законот, состаноците траеле долго, а распоравите биле жолчни.
Засега се состануваат само членовите на работната група на УКИМ. Како што информира еден професор од Филозофскиот факултет кој учествува на средбите, се изнесуваат најразлични идеи во врска со законот кои се усогласуваат.
- Не би изнесувал конкретни идеи. Важно ни е на сите да биде зачувана автономијата и да биде законот функционален. Точно е дека има големи дебати околу различни прашања, но сепак, се` уште сме во почетна, работна фаза, се работи на дооформување на концептот - вели професорот кој сакаше да остане анонимен.
Кога ќе биде готов костурот на законот, ќе следува втората, поинтересната фаза во која ќе се пишуваат членовите на законот. Ќе бидат повикани на состаноците и претставници на Министерството за образование и наука. Потоа ќе следува јавна расправа.
На 25 февруари, Студентски пленум соопшти дека ја извојувал првата битка, како што велат, против владините образовни политики. Законот за високо образование е менуван 16 пати од 2008-та година наваму, и според пленумци, тој ја изгубил својата комплементарност, спроведливост и суштина.