Сте се прашувале некогаш кои се насловите кои се наоѓаат на полиците на денешните лидери и претприемачи? Неколку директори и претприемачи го откриваат овој дел од својот живот.
„The Hard Thing About Hard Things“ - Бен Хоровиц
Повеќе лидери имаат посочено кон оваа книга како задолжителна за претприемачите.
„Ја подарувам оваа книга редовно бидејќи е една од најреалистичните книги за претприемништвото“, вели Елизабет Гејб, директор и основач на „High touch courses“.
„Ова е единствената книга која сум ја прочитала која точно опишува како е да се основа компанија. Тешко е, страшно е и нормално е да се има напредоци и падови“, вели Рааџа Немани, основач и директор на „BucketFeet“.
„Bringing Down the House: The Inside Story of Six M.I.T. Students Who Took Vegas for Millions“ - Бен Мецрик
Оваа книга има едноставна, но тешка за изведување порака дека се' е можно доколку сте упорни, паметни и имате среќа. Дан Ким, основач на „Red mango“ го потврдува ова.
„Delivering Happiness: A Path to Profits, Passion, and Purpose“ - Тони Хси
„Додека ја читате книгата, невозможно е да не го почувствувате адреналинот и да видите како е да се започне и напредува“, вели Катја Бочемн, основач на „Birchbox“.
„Never Eat Alone“ - Кит Фераци и Тал Раз
„Книгата навистина претстваува еден нов уникатен начин за комуникација и соработка. Направете ги пријателите колеги и колегите пријатели“, вели Манеш Гојал, основач на „Live in the grey“.
„Geronimo: Leadership Strategies of an American Warrior“ - Мајк Лич и Бади Леви
„Сакам да читам за историски ликови како Џеронимо и Черчил бидејќи тоа се луѓе кои морале да дејствуваат за да зачуваат цели култури кои биле во опасност и тие се многу повеќе од лидери“, вели Нејтан Џонс, основач и директор на „AgLocal“.
„The Power of Full Engagement: Managing Energy, Not Time, Is the Key to High Performance and Personal Renewal“ - Џим Лор и Тони Шварц
„Ова е прекрасна книга за максимална продуктивност со работа во ритам. Авторот го искористил принципот за тренирање на некои од најдобрите спортисти во светот, а потоа сфатил дека тој може да биде ефективен и за корпоративните „спортисти“. Оваа книга ја промени мојата врска со енергијата и времето и ми помогна да изградам клучни животни рутини кои ги ценам и денес“, вели Џастин Розенстајн, основач на „Asana“.