X
 24.04.2017 Живот

Норвеешка: рај за вљубениците во книгите и литературата

Интернационални фестивали, прекрасни библиотеки. Норвешка е навистина одлична дестинација за вљубениците во книгите и литературата.

фото извор: Vennesla Library. Photo: Helen&Hard

Од таму потекнува Хенрик Ибсен, еден од највлијателните автори во своето време, а се смета за основачот на модерната драма. Можете а го посетите неговото родно место Скиен, како и Музејот „Ибсен“ во Осло, како и неговиот дом.

Во „Hamsun Centre“ во Хамарој, може да се дознае повеќе за уште едно големо име од Норвешката литература, Кнут Хамсун.

 Интересно е што во Норвешка има дури 60 фестивали за литература. Најпопуларниот фестивал е „Norwegian Literature Festival“, кој се одржува во Лилехамер кон крајот на мај и почетокот на јуни секоја година. Фестивалот е посетен од десетици илјади посетители.

Во Норвешка можете да ги посетите и куќите на литература во Осло, Берген, Скиен, Трондхајм и Фредрикстад. Земјата изобилува и со прекрасни библиотеки, кои пленат со архитектурата и дизајнот. Многу од нив се наградувани за естетиката. Селото Фјерленд кое уште е наречено „Норвешкиот град на книги“, е прекрасно место за сите оние кои се посветени на читањето книги. Во местото има неколку продавници за книги, напишани на повеќе странски јазици. Со други зборови, градот живее во духот на книгите.

фото извор: Bokbyen

Специјална „Future Library“ шума се создава во Осломарка, кад ешто се засадени 1000 дрвја, за да се обезбеди доволно хартија и да се печатат книги. Кога станува збор пак, за продавниците за книги, „Тронсмо“ во Осло е најдоброто место каде што се продаваат книги на англиски јазик. Одличен избор на англиска литература, како и книги на норвешки автори со преводи, а застапена е и селекција на уметнички книги и стрипови.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот