X
 16.10.2018 Образование

Растењето со многу книги е значајно за развој на животните вештини

Книгите се прилично неверојатни - порти кон други светови, збиени парчиња полни со знаење. И ако растете опкружени со книги, вие ќе имате мала помош во животот во споредба со оние што не читаат.

Тоа е заклучокот на нова студија со која било утврдено дека тинејџерите што го напуштаат училиштето пред да го завршат, но имаат пристап до книги, завршуваат со вештини исти како и оние што ќе завршат факултет, но не читаат.

Истражувачите предводени од страна на социологот Џоана Сикора од Австралискиот национален универзитет ги разгледале глобалните податоци и утврдиле дека низ целиот свет домашните библиотеки ги опремуваат децата со животни вештини во три области.

- Забележуваме корисни ефекти врз писменостa (во однос на способноста да читате и да пишувате), нумеричката писменост (способноста да сфаќате и да применувате едноставни нумерички концепти) и врз решавањето технолошки проблеми - стои во студијата, каде што се додава дека растењето со домашни библиотеки ги потпомага вештините во овие области.

Фото: Pixabay

Тимот користел податоци од Програмата за интернационално проценување на компетенциите на возрасните - истражување за вештините кај возрасните. Податоците биле собрани од 31 земја во светот во периодот од 2011 до 2015 година. Повеќе од 160.000 лица на возраст од 25 до 65 години потполниле прашалник во кој се барало да проценат колку книги имало во нивниот дом кога биле на 16-годишна возраст, пред да одат на тестирање со кое се проценувале нивната писменост и технолошките вештини.

Просечно, бројот на книги бил околу 115 во еден дом, но тоа варирало од земја до земја. Во Норвешка и во Шведска, на пример, просекот бил повеќе од 200 книги, додека во Чиле, Сингапур и Турција просекот бил помалку од 60 книги.

Но, едно нешто било забележливо насекаде: поголемиот број книги е поврзан со поголеми вештини.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование