11.02.2015
Живот
Какво време не очекува денес?
Во Македонија во среда утринските и претпладневните часови ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, попладне облачноста ќе се намалува и ќе преовладува претежно сончево време со локална облачност, ветровито и студено.
Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западна Македонија ќе дува умерен североисточен ветер. Ветерот понекаде ќе достигне брзина и до 30 км/ч.
Воздушниот притисок ќе биде во пораст и ќе изнесува околу 1025 хектопастали.
Минималните температури ќе се движат од -9 до -1 степен, а максималните дневни температури ќе достигнат до -4 односно до 6 степени.
Во Скопје во среда ќе биде претежно сончево со локална облачност и ветровито. Ќе дува умерен северозападен ветер. Утринската температура од -3 степени, а максималната дневна температура ќе достигне до 3 степени.