Во Македонија во вторник утринските часови облачноста ќе се намалува и во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност, топло и ветровито.
Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а понекаде во западните предели ќе дува и умерен западен ветер.Ветерот понекаде ќе достигне вредност и до 30 км/ч.
Утринските температури од 2 до 10 степени, а максималните дневни температури ќе достигнат до 11 односно до 20 степени.
Во Скопје во вторник ќе биде претежно сончево со локална облачност, топло и ветровито. Ќе дува умерен северозападен ветер. Утринската температура од 7 степени, а максималната дневна ќе достигне до 17 степени.
Во
среда претпладне претежно сончево, попладне наоблачување кое во вечерните часови и во текот на ноќта ќе донесе локални врнежи од дожд. Утринските температури од 0 до 8 степени, а дневните до 8 односно до 17 степени.
Во
четврток и
петок ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Минималните температури од -2 до 7 степени, а максималните дневни до 9 односно до 18 степени.
Во
сабота умерено облачно со сончеви периоди. Утринските температури од 0 до 8 степени, а дневните ќе достигнат до 11 односно до 20 степени.
Weather4all.com.mk