X
 25.02.2015 Култура

Интересни јапонски традиционални обичаи

Доколку планирате да патувате во Јапонија, треба да знаете дека оваа земја има одредени традиции за кои сигурно не знаете.

Сигурно знаете дека луѓето се поклонуваат кога се поздравуваат и сигурно знаете за практиката на вадење на чевлите кога влегувате, меѓутоа постојат и други обичаи кои сигурно ви се непознати. Можеби се чинат чудни, меѓутоа едноставно се различни од она што ние го знаеме.

 

1


1. Се избегнува бројот 4


Во Јапонија, бројот 4 најчесто се избегнува. Зошто? Јапонскиот збор за бројот 4 е сличен со зборот „смрт“. Практиката на избегнување на овој број е познат како „тетрафобија“ и е честа во Југоисточна Азија. Ова е слично како бројот 13.

2. Јадењето додека одите се смета за несовесна работа

Иако ова е прифатливо во повеќето западни земји, јадењето и одењето или пак додека се возите со воз се смета за нечиста работа во Јапонија - секако, се` освен сладолед.

3. Хотели во вид на капсула

Да, вистински се. Најчесто ги употребуваат бизнисмените и оние кои останале излезени до подоцна и го пропуштиле возот за дома. Овие хотели се едноставно за луѓе на кои им е потребно место за да ја поминат ноќта. Практиката со капсулите започнала во 1970-те, а денес е проширена во повеќе земји.

4. Шлапањето додека јадите е културно


Шлапањето додека јадите е знак дека вие уживате во храната. Всушност, доколку не шлапате, луѓето ќе помислат дека не уживате во храната. Оваа традиција потекнува од тоа што тестенините со кнедли се консумираат жешки, такашто шлапањето помага да се изладат.

5. Насекаде влечки

Со оглед на тоа што од луѓето се очекува да ги соблечат чевлите кога влегуваат во некоја куќа, храм, традиционални ресторани или музеи, насекаде се поставени влечки. Дури и постојат влечки за бања. Во суштина, секој пат кога ќе наидете на влечки во Јапонија, ставете еден пар.

 

2


6. Постојат луѓе кои ве туркаат во преполн воз

Не грижете се, тоа е нивната работа. Тие се вработени за да турнат колку што можат луѓе повеќе во преполн воз и тука се за луѓето да не бидат фатени во вратите.

7. Луѓето го користат вашето рамо како перница во воз

Ова е прифатлива практика во Јапонија. Не дека тие намерно се наведнуваат, туку повеќето од нив се толку уморни после долгиот ден на работа, такашто нивната глава случајно може да се најде на вашето рамо.

8. Дувањето на нос на јавно место е некултурно

Дувањето на нос на јавно место не само што се смета за некултурно, туку и грозно.

 

3


9. Оставањето бакшиш се смета за некултурно

Не само што бакшишот се смета за некултурен гест (дури и навредувачки), туку и може да предизвика забуна бидејќи ова не е секојдневие за Јапонците. Доколку сте задоволни од услугата на некој и сакате да му се заблагодарите, најдобро би било да му оставите подарок.

10. На домаќинот секогаш му се носи подарок


Поканата во нечиј дом претставува огромна чест, такашто вие мора да ја возвратите честа со носење на подарок. Подарокот обично се носи добро завиткан со панделка. Доколку некој ви понуди подарок, прифатете го, меѓутоа на почетокот „протестирајте“ малку, колку за шоу. И не го отворајте пред нив.

11. Не си ја полнете сопствената чаша

Како и во другите земји, ако сте домаќин, од вас се очекува да наточите пијалок. Сепак, кога доаѓа на ред вашата чаша, треба да почекате и некој друг да ви наточи пијалок. Исто така, почекајте некој да рече „канпаи“ пред да се напиете - тоа е еквивалент на нашето „наздравје“ или „живели“.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура