Нил Харибсон можеби е самопрогласен „киборгот“, меѓутоа не значи дека тој е технолошки претприемач кој спие на пари.
Всушност, Нил е уметник од Барселона кој има ахроматопсија, визуелно нарушување кое предизвикува слепило на боите.
Како што објаснува во неговиот ТЕД говор, неговиот свет прилично изгледа вака:
„Никогаш не сум ги видел боите, не знам како тие изгледаат бидејќи доаѓа од свет кој е сив“, вели Харбиспн. „За мене, небото е секогаш сиво, цвеќињата се секогаш сиви, а телевизијата е црно-бела“.
Во 2003 година тој започнал да работи со научници кои успеале да инсталираат електронско око на неговата глава.
Окото ги преведува фреквенциите на боите во звучни фреквенции што Харибсон може да ги слушне. Секоја боја има сопствена фреквенција која Харибсон мора да ја меморира за да разбере која боја ја идентификува неговото електронско око.
Како што вели уметникот, тој може да перцепира 360 бои. Исто така, неговото новостекнато знаење на фреквенции на боите го користи за да ја визуелизира музиката која ја слуша.
За него вака изгледа Моцарт.
Пред една година, Харибсон ја надградил неговата антена, такашто сега тој може да се конектира со bluetooth и Wi-Fi.