X
 02.04.2015 Економија

Костарика функционира на 100% обновлива електрична енергија

1

 

За шест години, Костарика планира да биде јаглерод-неутрална. И секако, оваа земја е се` поблиску до целта. Во март, Владата на Костарика објави дека од 2015 година, земјата функционира на обновлива електрична енергија.


Но, Костарика има природни предности. Како и Исланд, кој веќе работи на целосно обновливи извори на енергија, и Костарика има вулкани и може да ја искористи нивната геотермална енергија.

Способноста на земјата да се откаже од фосилните горива исто така беше дополнителна помош. Поголемиот дел од електрична енергија на државата доаѓа од хидроцентралите, и благодарение на неодамнешните поројни дождови, производството на електрична енергија е во состојба да обезбеди повеќе моќ отколку што е вообичаено.

Но, ова ја изложува земјата на ризик во случај на суша. За да се подготват за посуво време за кое голема е веројатноста да дојде, земјата инвестира во геотермална енергија. Иако мрежата не се потпира на многу ветер и соларна енергија, сепак постои можност и за двете. Според некои проценки, во Костарика има двојно повеќе сонце, како и во Германија - земја која има можност да обезбеди 50% од својата електрична енергија од соларни панели на сончев ден.

„Соларниот е сигурен извор, без разлика на климатските промени, со минимум влијание врз животната средина“, вели Софија Бланко, извршен директор на „Acesolar“, непрофитна организација која се надева дека ќе помогне во растот на соларната енергија во Костарика.

„Сушата е синоним за криза во многу области, не само енергијата. Токму тоа е причината зошто ние ја промовираме диверзификацијата на енергетските матрица“, додава таа.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија