X
 26.02.2015 Образование

Студирање во глобална училница - позитивни страни

Глобалната училница е ексцентрична идеја која е подеднакво ефикасна во академскиот, личниот и развојот на свеста, како и секоја друга „нормална” училница.


Глобални училници - за што станува збор?

Како што светот станува се покомпактно место за живеење, сведоци сме на неговото трансформирање од „глобално село“ во „глобална вила“, станува неизбежно комбинирањето и пренесувањето на знаењата преку целиот свет.

Не само што станува неизбежно, туку e и екстремно значајно, на студентите да им се овозможи интернационално и мултикултурно искуство кое ќе ги зголеми нивните академски перформанси, да се создаде свест за многуте теми и случувања кои ќе придонесат во оформување на карактерот на студентите.

Мултикултурното доживување е искуство што секој студент би требало да го доживее, без разлика од дали потекнува од источна, западна, развиена или неразвиена земја, или пак дали е во можност да патува или не. Во денешно време, не е нужно да се патува за да се биде дел од такво интернационално искуство.

Еден начин за ова, е заминување во друга земја или приклучување на програмите за размена на студенти, друг начин е поврзување на училниците преку Интернет.

Ова може да доведе до екстремно продуктивни резултати, бидејќи освен што конектирањето преку интернетот е многу лесно за училиштата околу светот, не е финансиски оптоварувачко, за разлика од програмите за размена на студенти/ученици и интернационалните патувања, и истото овозможува поврзување на студентите од различни земји за многу краток рок. Во суштина, ништо не го ограничува проектот за глобални училници. Во таа смисла треба да се спомене дека видео конференциите и виртуелните групи, се двата начина на кои програмата за глобални училни може да биде остварена преку интернетот.

Академски аспекти

Студентите во различни земји се подучувани на различен начин, со оглед на тоа што традицијата и образовниот систем се разликуваат од земја до земја. Исто така и културата и економските услови влијаат на стилот и методите на предавање и учење. Поврзувањето на студенти од различни земји им овозможува да видат и искусат поинакви методи на работа преку кои не само тие, туку и нивните едукатори можат да научат многу. Содржината на курсевите варира, а дискусијата помеѓу студентите им овозможува да ги видат работите од поинаков агол.

Свест

Глобалните училници се одличен начин учениците да дознаат за диверзитетот на човечката раса, како и условите за живеење и економската ситуација во различни области околу светот. Тоа е нешто што сигурно ќе го прошири нивниот поглед на светот и ќе им ја разбуди свеста за различните интернационални проблеми и односи.

Личен развој

Развојот на личноста е непроценлив исход од проектот за глобални училници. Кога студентите среќаваат други студенти со различно потекло и култура, тие стануваат свесни за диверзитетот, различностите кои постојат во светот и учат да живеат во хармонија со сите тие различни типови на карактери и култури кои постојат. Способноста да се биде доволно флексибилен за да се живее во мултикултурно окружување е нешто што секоја личност која се стреми кон успех мора да ја поседува, а глобалните училници им ја даваат на студентите можноста да ја развијат таа способност. Толерантноста и разбирањето доаѓаат со свеста и проширувањето на визијата, а ова се квалитети што секој студент треба да ги има. Комуникациските способности, се подобруваат преку овие програми, а со нив и сигурноста и самодовербата на студентите.

Online cultus


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование