X
 11.11.2022 Образование

Научен форум на УКЛО: Науката е најдобар одговор за постигнување на 17. цели за одржлив развој

Меѓународен научен форум на тема: Цели за одржлив развој и промена на светот на подобро, прв од ваков вид на Универзитетот и во државата се одржа на УКЛО на 10.11.2022 г. по повод Светскиот ден на науката.

Проректорот за наука, проф. д-р Горан Илиќ, важноста на Форумот ја оценува низ постигната актуализацијата и научниот пристап кон 17. глобални цели кои се дефинирани во агендата 20-30 на ОН.

1

Според него, Форумот „Наука во акција!“ овозможи со третирање горливи животни теми низ научна опсервација да се мобилизира академијата, да се поврзат експерти од земјата и странство околу прашањето на науката за мир и развој со единствена цел – менување на светот на подобро.

Во таа насока, особено се значајни заклучните согледувања резимирани на Форумот, при што уште еднаш е нагласена носечката и клучна улога на науката како најдобар одговор за постигнување на целите за одржлив развој.

Еден од позначајните заклучоци се однесува на тоа дека секоја земја треба да придонесе и да се стреми за постигнување на целите за глобален одржлив развој, почнувајќи од предизвиците на национално ниво.

2

Воедно, нагласена е потребата од научни истражувања кои се мултидисциплинарни, особено затоа што предизвиците за одржливост се фундаментално поврзани, мултисекторски и потребна е координација и кохерентност на сите актери вклучени во различните програми.

Остварување и имплементација на целите за одржлив развој може да се постигнат со активности засновани врз наука, наука која треба да биде отворена и со научници кои ќе излезат од кабинетите.

Според мислењата на научниот и академски кадар, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола со одржувањето на Форумот си обезбедува пионерска позиција во афирмацијата на концептот за поставување на науката и научната мисла во срцевината на сите процеси за глобален одржлив развој.

3

Инаку, Меѓународниот научен настан „Наука во акција!“ на тема: Цели за одржлив развој и промена на светот на подобро, се одржа во две работни сесии со учество на научен кадар од УКЛО и гости од Германија, Ирак, Велика Британија, Соединети Американски Држави и Индија.

Панелисти во првата сесија беа гостите: д-р Маркус Бемер, декан на Факултетот за хуманитарни науки и културолошки студии од Универзитетот Бамберг од Германија, д-р Паиман Ахмад, претседател на Универзитетот Рапанир Курдистански регион, Ирак, д-р Ангелос Касканис од Институтот за безбедност и контратероризам од Лондон, Велика Британија, д-р Саџуедин Ниџамодин Шипарбен од Центарот за студии на дијаспората на Централниот универзитет во Гуџарат, Гандинагар, Индија, и д-р Перица Давитков од Кејс Вестерн Универзитетот од Охајо, САД.

4

На втората форумска сесија учествуваа академски кадри од УКЛО, меѓу кои професорите: Оливера Костоска од Економски факултет, Данче Сивакова-Нешковски, декан на Педагошки факултет, Гордана Ристевска-Димитровска од Висока медицинска школа, Методија Атанасовски, продекан за меѓународна соработка од Технички факултет, Митко Костов, декан на Технички факултет, проф. д-р Даниела Неделкоска, продекан за наука и меѓународна соработка и раководител на центарот за прехранбена технологија за развој на иновативни производи на Технолошко-техничкиот факултет и Гордана Димитровска, декан на Факултетот за биотехнички науки.

Меѓународниот научен форум го модерираше д-р Ивона Шушак-Лозановска, професорка од Правниот факултет при УКЛО.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование