Финска е мала земја со само 5,5 милиони жители, но има огромно глобално влијание благодарение на извонредниот успех на нејзините училишта. Иако северноевропската нација е прилично мала, таа има еден од најдобрите образовни системи не само во Европа, туку и во светот.
Во Финска наставниците имаат високи плати и уживаат голема општествена почит, учениците имаат подолги паузи, целосно се одделени училиштето и тимските спортови и помалку акцент се става на домашните задачи и текстовите.
Една од најголемите разлики помеѓу финскиот образовен систем и другите образовни системи во светот е тоа колку часови се посветени на предметот домаќинство или домашна економија. Според финското министерство за образование, учениците на возраст помеѓу 13 и 15 години имаат три часа неделно по овој предмет, две години по ред.
Што опфаќа предметот?
Овој задолжителен предмет, кој бил воведен пред повеќе од 30 години и се задржал во текот на разни образовни реформи, ги учи младите тинејџери за основите за водење домаќинство:
Пеглање
Перење
Готвење и исхрана
Како да се користат апаратите за домаќинство
Како да се користи кујнскиот прибор
Чистење
Нега на мебелот
Разни поправки
Бојадисување
Релевантни закони итн.
Фото: Shutterstock
На овој начин сите тинејџери учат како треба да функционира еден дом и како се делат обврските во домаќинството, како дел од нивната задолжителна програма. Никој во Финска не смета дека обврските низ домот треба да бидат поделени на машка и женска работа. И момчињата и девојчињата учат за работата што треба да се изврши во домот. Еден особено шармантен детаљ е што учениците на овој час одат по чорапи, како да се дома, бидејќи така повеќе се создава позната атмосфера.
Образование за целата личност
Финскиот образовен систем се обидува да ги подготви учениците да бидат автономни и независни. Тие ги учат основите на семејната економија, правото, финансиите, природните науки, физичките и математичките науки и животната средина. Но, ова не е само практична потреба: овој предмет им е омилен на многу ученици, според истражувањето објавено од „Хелсингин Саномат“. Учениците велат дека е многу позабавно да учат како да ги извршуваат домашните задачи отколку математиката.
Друг изненадувачки факт во врска со образовниот систем на Финска е дека 60 отсто од наставните програми на училиштата се посветени на музика, уметност, ракотворби и игра на отворено во првите години на училиште. Се става многу поголем акцент на вештини за соработка, емпатија и упорност отколку на резултатите од тестот.
На наставниците им се дава огромна автономија, како во училницата така и во училишната администрација: училиштата избираат наставници со кои формираат тим што го одредува видот на образованието што ќе го дава училиштето. Училишните паралелки имаат максимум 20 ученици.
Повеќето образовни системи веројатно би потврдиле дека им е потребен ваков предмет. Повеќето од нас не прават пресметки секој ден, но готвиме и чистиме. Можеби вистинското прашање не е: Зошто
Финска бара од своите тинејџери да учат домашна економија?, туку: Зошто остатокот од светот не ги учи своите тинејџери овој предмет?“