X
 01.03.2015 Култура

Нови снимки од петтата епизода на "Game of thrones"

Телевизиската куќа HBO уште еднаш испрати „визии“, односно кратки снимки од серијата „Game of thrones“.

 

игра


Страната Three-Eyed-Raven испрати две различни видеа, кои се исечоци од петтата сезона, наместо досега прикажуваните фотографии.

Првото видео ја прикажува Бирен како му зборува на Подерик: „Не сакам некој да ме следи, а уште помалку да му бидам водич. Се` што сакав е да се борам за господарот во кој верувам. Добриот господар е мртов, а останатите се чудовишта“.

 

На второто видео се наоѓа сцена кадешто Џон и Менс Рајдер разговараат. Џон му кажува на Мејс дека не го направил нападот на Ѕидот поради слава или моќ, туку поради народот, а неговата гордост не би требало да биде поважна од тоа. На тоа Менс вели: „Гордост? Зае*и ја мојата гордост“.

 



Премиерата на петтата сезона е закажана за 12 април.

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура