X
 05.02.2015 Живот

Хорор приказни раскажани од децата

Можеби децата изгледаат навистина слатко со нивните невини очи, малечки рачиња и невина насмевка. Но, размислете повторно. Тие можеби се најстрашното нешто, особено кога кажуваат некои работи кои можат да ве исплашат до смрт. Еве некои морничави детски приказни кои ќе ве остават разбудени.

 

deca


„Кога се преселувавме од Германија во Америка, мојата три годишна ќерка ми рече: „Мамичке, ќе ми недостига Ана“. Постојано размислував која е таа Ана и од каде ја знае мојата ќерка. Откако не можев да се сетам, решив да ја прашам. И зажалив. Никогаш нема да ги зборавам зборовите на ќерка ми. Додека си ја поставуваше масичката со играчки, ме погледна, ми се насмевна со најобична насмевка и ми рече: „Знаеш, девојчето што излегува од под мојот кревет за да си играме“.

„Бев на посета кај моето семејство за време на зимскиот распут, пред околу 5 години. Одев во вц на вториот кат во куќата на мојата тетка, кога ја видов мојата братучетка Ана како седи на скалите. Ја запрашав што прави, а таа ми рече: „Ја имитирам жената со плетенката“. Погледнав наоколу, немаше никој освен нас. „Каде е таа жена, Ана?“ - ја запрашави исплашено. Таа покажа со прстот на една греда на скалите. Повторно ја прашав: „Што прави жената?“, а таа рече: „Ми прави гримаси“. Се насмевнам и започнав да слегувам по скалите кога Ана рече нешто што ме преплаши. „Нејзините плетенки се околу нејзиниот врат“. Се свртив назад и и` реков на Ана да повтори што рече. „Нејзините плетенки и` се околу вратот, а жената виси на плетенките и прави смешни гримаси“. Потоа Април започна да прави гримаси од кои сфатив дека некој нема воздух“.

„Пред неколку години, кога ја заспивав мојата 3 годишна ќерка, таа ме запраша зошто треба да спие. „Затоа што е доцна и е време малечките девојчиња да се одморат“. Во тој момент таа со малото прсте покажа кон ѕидот во собата и рече: „Дали тоа важи и за она мало девојче?“

„Мојот помал брат постојано зборуваше за нашиот дедо кој почина уште пред да се роди тој. Така, правеше работи што обично ги правеше мојот дедо (го допираше носот со јазикот, го вртеше увото и други работи со кои ние децата се смеевме). Кога го фативме како ги прави овие работи, тој рече: „Ги научив од дедо пред да се родам“.

„Минатото лето бев на роденден кај 10 годишниот братучед на една моја пријателка со кој постојано си играм и се согласуваме одлично. Обично тој сака да играме фудбал, меѓутоа таа вечер беше различно. Го забележав како седи сам на верандата, па му пријдов и го запрашав што прави, на што тој одговори: „Навистина би сакал да го направев правилно“. Збунета, го запрашав: „А што да направиш правилно?“. „Па би сакал да ја прободев мајка ми. Наместо тоа, фрлав тули“.

„Едно утро мојата ќерка дојде во дневната соба со книга за природата велејќи дека има прашање за мене. Ми покажа слика од голема змија како јади жаба и ме праша како може змијата да јаде нешто толку големо. И` одговорив дека змиите можат да ги прошират нивните вилици и да изедат нешто поголемо од нив.

За момент се замисли и ми рече: „Така изгледа дека прави жената која постојано гледа на мојот прозорец“.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот