X
 05.03.2015 Живот

Донирајте! На Жарко му е потребна итна операција


Жарко има 23 години. Пред 8 месеци неочекувано го загубил видот на левото око. После еден лекарски преглед му бил дијагностиран параназален рак. Итно била направена критична операција, со која за среќа се отсранил поголемиот дел од туморот. Оттогаш тој е на постојана терапија, а минатата недела му било кажано дека ќе има потреба од уште една критична операција на главата.

Потребна е итна операција која чини 8.000 американски долари и додатни финансиски средства за после терапијата, кои тој и неговото семејство ги немаат. За жал, овој вид операција на рак не е покриен од здравственото осигурување. Целта е да се соберат 8.000 американски долари, но секако би било уште подобро ако се собере повеќе за терапијата.

Се разбира дека не секој може да помогне со парични средства, но затоа има и други начини! Ве молиме споделете ја нашава приказна на „Facebook“, „Twitter“, праќајте електронска пошта, писма и молете се за Жарко!

Текстот е преземен од „Инфузија.мк“.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот