На почетокот на секој семестар секој студент донесува одлуки во кои самиот си ветува дека ќе биде подобар, поуспешен, повреден. Но, дали се придржува кон овие одлуки и колку долго?
1. Овој семестар моите белешки ќе бидат вистинско ремек дело
Свечено се колнам дека редовно ќе фаќамм белешки и на предавања и на вежби и дека ќе ги средувам - ова го вели секој студент во текот на првиот ден. Можеби дел од вас ќе се придржуваат кон ова право некое време, но ретко кој успева до крај.
2. Под никој услов нема да прифаќам покана за забава додека не ги завршам обврските
Уште едно популарно ветување со краток рок на траење. Во ред, не мора да се откажувате од сите активности и излегувања, меѓутоа добро би било кога би можеле да им одолеете на примамливите повици за забава во случај навистина да сте зафатени или имате испит/колоквиум за подготвување.
3. Парите ќе ми траат до крајот на месецот
Секој студент на почетокот на месецот си вели дека ќе се обиде да не троши пари за глупости и дека нема да ги потроши. Но, секој месец секој од вас ги троши уште првата недела. Доколку живеете сами, потребно е да ја совладате вештината на распределба на финансиите. Колку побрзо научите да управувате со парите, толку побрзо ќе бидете спремни да зачекорите во „светот на возрасните“. Направете листа на најважни задачи и сума на пари потребна за листата, па така ќе знаете колку ќе ви бидат потребни за трошоците.
4. Ќе бидам редовен/на на предавања
Ако е потребно запишувајте и направете си потсетник, но придржувајте се до ова правило. Бидете редовни на предавањата, фаќајте белешки, внимавајте додека професорот зборува за испитот, барајте дополнителен материјал, користете ја бибилиотеката итн.
5. Ќе внимавам на исхраната и здравјето
Пекара, скара, пица... доручек, ручек, вечера истото. Сериозно размислете за вашиот начин на исхрана бидејќи станува збор за вашето здравје. Обидете се да се држите понастрана од брзата храна и прекумерното консумирање на „пекари“, обидете се да ја балансирате вашата исхрана. На предавања носете нешто квалитетно за ужина. Исто така, внимавајте на прекумерното консумирање на алкохол. Сите знаат кои се последиците. И започнете да се движите бидејќи седењето убива.