Бизарната серија „Lost“ ќе остане запомнета како една од најпопуларните и најмистериозните телевизиски „производи“ на овој век. Сега, конечно се открива мистеријата околу неа.
Ако нешто треба да и` се признае на оваа серија, тоа е фактот што секоја епизода не` оставаше во исчекување за тоа што ќе се случи. Никој со сигурност не знае што се случувало во серијата. Секој има своја теорија, секој позади чудните и небулозни појави, случувања и ликови гледаше скриена смисла и некаква голема тајна, а ниту самите автори никогаш не дадоа објаснување што се случувало во текот на шестата сезона. Всушност, поголемиот дел од работите останаа мистерија.
Меѓутоа, неодамна на едно гостување во
„Nerdist“, сценаристот Ник Санторо (Prison break, Scorpion) меѓу останатото зборуваше и за серијата „Lost“, плукајќи по самиот концепт и сценаристите кои направиле вистински хаос.
„Во сценаристичката соба, за време на снимањето на „Prison Break“ имавме една изрека: „Без поларни мечки!“ која се однесуваше на серијата „Lost“. Имам пријатели кои работеа на оваа серија, па додека гледавме фудбал со еден од нив, го запрашав: „Како ќе го оправдате сето она што се случува на островот?“. Тој се сврти и ми одговори: „Нема да го оправдаме“, на што јас зачуден реков: „Како мислиш нема да го оправдате?“, а тој ми вели: „Буквално се сетивме на најчудните и најзае*аните работи, ги напишавме и повеќе немаме намера да ги оправдаме или објасниме“. „Тоа е тешко сра*е. Целосно се зафркавате со публиката. Сакам да поднесам тужба во името на сите луѓе кои сите години ја следевме серијата“.
Што мислите вие, дали има вистина во приказната на Санторо?