Стотина антивладини демонстранти останаа забарикадирани на Политехничкиот универзитет во Хонг Конг денеска, опколени од полицијата додека опсадата врз кампусот на универзитетот влегува во третиот ден.
Според локалните медиуми, повеќе од 200 млади демонстранти го напуштиле Политехничкиот универзитет, придружувани од медијатори на кои полицијата им дозволи да влезат.
На демонстрантите под 18-годишна возраст им беше дозволено да заминат без апсење, но постари лица се приведени.
Политехничкиот универзитет стана сцена на судир минатата недела, при што антивладините демонстранти не покажаа знаци на откажување. Конфликтите на универзитетот се едни од најнасилните откако во јуни почнаа протести во кои се бара истрага за полициска бруталност, како и универзално право на глас.
Извор: МИА