На прв поглед, Естер Оукад изгледа како нормално 10 годишно девојче. Таа сака да се облекува како Елса од „Frozen“, да игра со Барбики и да оди во паркот или на шопинг.
Но, она што го прави ова младо девојче различно од нејзините врснички е фактот што таа е универзитетски додипломски студент.
Естер, од Волсал - индустриски град во Вест Мидлендс регионот во Велика Британија, е една од најмладите студентки бруцоши во земјата.
Талентираната 10 годишна Естер се запишала на Отворениот Универзитет во јануари и е веќе една од најдобрите во нејзиниот клас - неодамна постигна 100% на последниот испит.
„Многу е интересно. Ја има математиката којашто јас ја обожавам. Таа е вистинска математика - теории, комплексни броеви и такви видови работи“, се смее Естер. „Беше навистина лесно. Мајка ми ме научи на еден посебен и лесен начин“.
„Сакам да го завршам курсот за 2 години. Потоа сакам да докторирам финансиска математика кога ќе наполнам 13 години. Сакам да имам сопствена банка до мојата 15-та година бидејќи ги сакам броевите и ги сакам луѓето, а банкарството е одличен начин да им се помогне на луѓето“, додава таа.
Во случај луѓето да мислат дека родителите ја натерале да се запише на факултет, Естер недвосмислено не се согласува.
„Всушност, сакав да одам на факултет кога имав 7 години. Но, мајка ми ми рече дека сум премногу млада и треба а се смирам“. После три години молење, нејзината мајка Ефе конечно се согласила да размисли за идејата.
Неверојатен математички ум
Естер отсекогаш отскокнувала од нејзините врсници. Таа прва го положила испитот по математика, кој воедно е и приемен испит за средно училиште со 3-ка. Една година подоцна таа се надмина себеси и доби 5ка, оценката што ја сакаше.
Мајката на Естер го забележала талентот на нејзината ќерка кратко време откако започнала Естер да учи дома, на возраст од 3 години. Родителите на Естер ја запишале во приватно училиште но после неколку недели, тие започнале да забележуваат промени во неа.
„Еден ден, кога се враќавме дома, таа започна да плаче велејќи дека не сака да се врати во тоа училиште затоа што не и` дозволувале да зборува“, вели Ефе, мајката на Естер.
„Во Велика Британија, детето не мора да оди на училиште се` додека не наполни 5 години. Образованието не е задолжително до таа возраст, такашто си реков дека дотогаш ќе учиме дома. Можеби откако ќе поминат неколку години ќе го промени размислувањето“, додава таа.
Дома Естер започнала да ги учи основите на броевите, но Ефе започнала дека тоа не Естер и` е здодевно. До нејзината четврта година, нејзината природна способност за математика ја доведе до алгебра и квадратни равенки.
Интересно е тоа што и братчето на Естер, Исаија кој има 6 години ќе го полага неговиот прв испит по математика во јуни.
Естер не запира тука. Таа исто така пишува серија на математички работни книги за деца наречени „Yummy yummy Algebra“.
„Започнува со почетничко ниво - тоа е првиот волумен. Но, потоа ќе има и втор волумен и трет и четврт. Се` додека можете да собирате или одземате, ќе можете да ги решите задачите во работните книги. Сакам да им покажам на другите деца дека тие се посебни“, вели таа.