X
 25.05.2021 Образование

Проректорот Ѓуровски: Високото образование и науката не треба да се третираат како потрошувачка, потребна е радикална промена!

По повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители св. Кирил и Методиј, порака испрати проректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“, проф. д-р Марјан Ѓуровски:

„Постојано нека нè држат будни делата на св. Кирил и Методиј. Треба да сфатиме дека концептот на демократија и безбедна држава неизбежно се темели и повикува на образованието. Потребни се образовни политики кои ќе изградат култ од образованието како најважен државен, национален и безбедносен ресурс, наместо негова маргинализација и потценување“.

Проректорот Ѓуровски нагласува: „Науката и високото образование не треба да се третираат како потрошувачка, туку како најважна продуктивна сила на општеството. Три децении имаме континуирано ниско ниво на јавни вложувања во високото образование и научноистражувачката работа, најниско во регионот и пошироко“.

Од друга страна, проректорот Ѓуровски јавно праша: „Каква наука и високо образование ни се потребни и дали постојниот модел е добар, функционален, исправен, продуктивен и нè вади надвор од оваа жабокречина децецински наследена!?

Според Ѓуровски, потребна е радикална промена во концептот на високото образование и науката, и само така ќе ги согледаме сите аномалии на македонската парадигма. Кога стремиме кон ЕУ и започнувањето на преговорите за членство, треба да го имаме предвид ставот на Европската комисија дека Европската Унија мора да ги зајакне трите пола на триаголникот - знаење - образование - истражување и иновации. Се спроведуваат реформи во основното образование, а високото како да е заборавено, смета професорот Ѓуровски. „Бизнис-секторот е маргинализиран во процесот на програмирање и финансирање на високото образование и научните истражувања и има најниско учество во технолошко-иновациската дејност во регионот. Наместо умови, надвор да извезуваме успешни приказни, затоа што знаењето е единственото богатство што никој не може да го одземе“, заклучува Ѓуровски.

1

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование