X
 18.03.2015 Забава

Психолошки тест: Колку лица гледате на сликата?

Октавио Окампо е познат по необичните слики на кои деталните ликови суптилно се преплетуваат и се создаваат поголеми ликови - оптичка илузија со која додека ја набљудуваме сликата, ги разгледуваме индивидуалните детали и конечно ја сфаќаме намерата на уметникот.

 

1


Овој феномен Октавио го нарекува „метаморфоза“.

„Ме фасцинираат силите на доброто и злото, сонцето и месечината. Живеам во ридското подрачје на Тепозтлан, кој се наоѓа југоисточно од Мексико Сити и се смета за едно од најволшебните места на Земјата. Нешто како Бермудскиот Триаголник, тука се пресекуваат чудни и необјаснети, но исклучително моќни магнетни сили, кои се сконцентрирани во планината Тепозетко“, вели тој.

Надреалистичкиот уметник се смета за еден од најплодните ументици на Мексико. Неговите слики треба долго и напорно да се набљудуваат за конечно да се појави визијата што тој ја претставува. Луѓето доаѓаат во фокуст тогаш кога сликата ќе ја погледнете од далеку, а кога ќе ги погледнете од близу, се откриваат чудесни ликови - цвеќињата стануваат луѓе, планините разговараат една со друга, а тажното семејство, собрано околу ковчегот се претвора во лицето на Исус. Фотографиите се полни со симболика, исклучително се фасцинантни и секоја од нив открива уште едно лице во зависност од набљудувачот.

Погоре можете да ја погледнете неговата најпозната слика „Визиите на ДОн Кихот“. Прашањето за вас е колку лица гледате на сликата?
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава