Мал број од нас размислуваат што јадат додека уживаат во скара или вкусна риба. Но, парче по парче месо и во текот на животот собираме импресивна количина на изедени животни.
Голем број луѓе и покрај тоа што јадат месо, често пати се сожалуваат на сите тие убиени животни кои ги ставаат во устата. Сепак, тие не можат да се убедат и да ги преиспитаат нивните моралности на барбарските навики, такашто потребата за протеини е посилна од се`. Но, новите истражувања објавени од страната „The vegetarian calculator“ навистина ја шокираа јавноста.
Според нивните пресметки, еден просечен човек кој живее 80 години, во текот на неговиот живот јади околу 7.500 животни, а најмногу риба: дури 4.500 риби. На второ место се кокошките, 2.400, и мисирките, 80 парчиња. Човекот јади и 30 овци, 27 свињи и 11 крави, а разликата ја пополнуваат зајаците, патките, гуските, козите, раковите и лигњите.
Иако и покрај овие бројки тешко дека ќе се откажете од месото, сепак треба да се земе во предвид дека при создавањето на нашите навики во исхраната, ако не поради хуманоста, ако не поради тоа море од живи суштества, туку поради еколошката катастрофа која и` се заканува на нашата планета, треба да се обидеме да јадеме помалку месо. Сточарството и земјоделството се вториот најголем виновник за глобалното затоплување, после тешката индустрија (поголем дури и од автомобилот).
Фото: Freepik