Во среда дестабилизација на времето. Ќе преобладува умерено облачно и нестабилно време со локални врнежи од дожд. Во југоисточните и источните предели во текот на целиот ден ќе биде облачно и нестабилно со врнежи од дожд.
На планините со врнежи од снег.
Ќе дува слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува слаб североисточен и северен ветер.
Утринските температури од -3 до 8 степени, а максималните дневни температури ќе достигнат до 4 односно до 12 степени.
Во Скопје во среда ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, но и со услови за слаби локални врнежи од дожд. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 5 степени, а максималната дневна темперура до 9 степени.
Во Македонија во четврток ќе биде умерено облачно и нестабилно со локални врнежи од дожд. Врнежите повеќе застапени ќе бидат во западните и југозападните предели. На планините ќе провејува слаб снег.
Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер.
Минималните температури од -3 до 4 степени, а максималните дневни ќе се движат од 4 до 13 степени.