Денес е вторник, 7 март 2017 година, 66-иот ден во годината. Сонцето
изгреа во 05:54, а ќе зајде во 17:34 часот. Денот ќе трае 11 часа и 38
минути.
Ова утро во Македонија имаме претежно облачно, ветровито и топло утро,
иако кога се во прашање утринските температури имаме доста шаренолика
ситуација.
МАКЕДОНИЈА – Во текот на денот не очекува претежно облачно време со
слаби врнежи од дожд, ветровито и посвежо време. Врнежите претежно ќе
бидат застапени во северозападните, западните и југозападните предели, а
на планините над 1500 метри се очекуваат слаби врнежи од снег. Ќе дува
доумерен засилен јужен и југоисточен ветер. Утринските температури ќе се
движат во интервал од -1 до 8 степени, додека пак максималните дневни од
5 до 15 степени.
СКОПЈЕ - Во Скопје денеска претежно облачно, ветровито и посвежо време,
а во попладневните и вечерните часови со услови за слаби врнежи од дожд.
Ќе дува засилен југоисточен ветер. Утринската температура од 7 степени,
а максималната дневна до 13.
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Под влијание на медитерански циклон Македонија ќе
биде и во среда и четврток кога се очекуваат а продолжат врнежите од
дожд, а над 1500 метри со слаби врнежи од снег. Во среда поинтензивни
врнежи се очекуваат во југозападните, јужните и југоисточните предели,
локално и над 30 литри. Максималните температури од 5 до 15 степени. Во
четврток облачно со сосема слаби врнежи од дожд но посвежо и ветровито
време, ќе дува засилен североисточен и северозападен ветер. Дневните
температури од 3 до 13 степени. Во петок и сабота стабилизација на
времето и посвежо утро со утрински температури од -3 до 5 степени, во
текот на денот во петок умерено облачно со сончеви периоди и температури
од 4 до 14 степени, додека пак во сабота ќе биде претежно сончево со
локална облачност и максимални 5 односно 15 степени.
Weather4all.com.mk