13.12.2016
Живот
Временска прогноза за наредните 5 (пет) дена
Денес е вторник, 13 декември 2016 година, 348-иот ден во годината.
Сонцето изгреа во 06:47, а ќе зајде во 16:08 часот. Денот ќе трае 9 часа
и 21 минути.
Ова утро во северозападните, западните и југозападните предели имаме
претежно ведро време, додека пак во останатите предели умерено облачно
време. Ова утро имаме и силен североисточен и северозападен ветер.
МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес во утринските часови умерено облачно
време, а во северозападните, западните и југозападните предели ведро и
постудено време. Во текот на денот ќе биде претежно сончево време со
локална облачност, проследено со засилен североисточен и северозападен
ветер што ќе услови и продор на постудена воздушна маса од север која
што ќе ни услови и константно опаѓање на температурите. Минималните
температури се очекуваат во вечерните часови и кон крајот на денот и ќе
се движат од -8 до 2 степени, додека пак максималните, односно
температурите во текот на денот ќе се движат во интервал од 0 односно до
9 степени.
Во вечерните часови се очекува и појава на умерен мраз поради ниските
температури.
СКОПЈЕ – Во Скопје во утринските часови умерено облачно време со сончеви
периоди и температура од 5 степени. Во текот на денот претежно сончево
со локална облачност, ветровито и студено со температура која ќе биде во
опаѓање и кон крајот на денот ќе достигне -2 степени.
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во Македонија во среда студено утро со утрински
температури од -11 до -2 степени, во текот на денот ќе биде претежно
сончево со локална облачност и студено време со температура од -1 до 8
степени. Во четврток умерено облачно со сончеви периоди и малку потопло
време, минималните температури од -8 до 1 степени, додека пак
максималните дневни до 2 односно до 11 степени. Во петок претежно
сончево со локално облачност и температури од 1 до 10 степени. Во сабота
студено утро со утрински температури од -10 до -1 степени, во текот на
денот претежно сончево со локална облачност и дневна температура од 1 до
10 степени.