X
 19.03.2015 Живот

Временска прогноза за денес... Какво време не очекува викендот што следи?



Во Македонија во четврток ќе биде умерено облачно и нестабилно со локални врнежи од дожд. Врнежите повеќе застапени ќе бидат во западните и југозападните предели. На планините ќе провејува слаб снег.

Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер.

Минималните температури од -3 до 4 степени, а максималните дневни ќе се движат од 4 до 13 степени.

Во Скопје во четврток ќе биде умерено облачно и нестабилно со локални врнежи од дожд. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 1 степен, а дневната ќе достигне до 10 степени.

Во петок пад на утринските температури кои што ќе се движат од -4 до 3 степени. Во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност, а макдималните температури ќе достигнат до 5 односно до 14 степени.

По студеното утро во сабота, во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Попладне зголемување на облачноста. Минималните температури од -6 до 1 степен, а максималните ќе достигнат до 8 односно до 17 степени.

Во недела и понеделник Македонија ќе биде под влијание на влажна воздушна маса која што ќе услови врнежи од дожд. Утринските температури ќе бидат во пораст и ќе се движат од 0 до 9 степени, а максималните дневни од 5 до 15 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот