Денес е вторник, 27 декември 2016 година, 362-иот ден во годината.
Сонцето изгреа во 06:54, а ќе зајде во 16:15 часот. Денот ќе трае 9 часа
и 21 минути.
Шаренолико утро во Македонија, и временски и температурно. Во поголем
дел преовладува претежно ведро време, во северните, североисточните,
крајните источни и централните предели ќе биде претежно облачно време.
МАКЕДОНИЈА – Во вторник во утрински и претпладневни часови ќе биде
умерено облачно со повремени сончеви периоди. Попладне од север продор
на влажна и постудена воздушна маса која што во северозападните,
западните и југозападните предели ќе услови врнежи од дожд, а над 800
метри се очекуваат врнежи од снег. Во остранатите предели умерено
облачно време со повремени сончеви периоди. Утринските температури од -4
до 6 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до
2 односно до 12 степени.
СКОПЈЕ – Во Скопје претпладне ќе биде умерено облачно време со повремени
и кратки сончеви периоди. Попладне со услови за слаби врнежи од дожд и
ветровито време. Ќе дува доумерен северозападен ветер. Минималната
температура од 1 степен, а максималната до 8 степени.
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во среда умерено облачно време со повремени сончеви
периоди но и услови за сосема слаби и локални врнежи од дожд и снег и
ветровито, а врнежи од снег се очекуваат само во североисточните,
северните и североисточните предели. Утринските температури ќе го
продолжат својот тренд на опаѓање и ќе се движат од -7 до 2 степенни,
додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до -1 односно до
9 степени. Во четврток умерено облачно време со повремени сончеви
периоди и студено време. Минималните од -9 до 0 степени, додека пак
дневните температури ќе достигнат до -4 односно до 6 степени. Во петок
претежно сончево со локална облачност и постудено време, минималните од
-11 до -2, а максималните од -4 до 6 степени. Во сабота студено утро со
утрински температури од -13 до -4 степени. Во текот на денот претежно
сончево и температури од -5 до 5 степени.
Weather4all.com.mk