Во Македонија во утринските часови ќе има појава на магла која долж повардарието ќе се задржи и во текот на целиот ден и таму ќе биде најстудено. Во останатите предели ќе биде претежно сончево со локална облачност, а во југоисточните предели сончево, ветровито и топло. Ќе дува умерен северозападен ветер, а во западните предели западен и југозападен. Утринските температури од -3 до 3 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 7 односно до 16 степени.
Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има појава на густа магла која ќе ја намали видливоста под 50 метри.
СКОПЈЕ - Во Скопје магловито. Маглата ќе се задржи во поголем дел од денот, а попладне ќе постојат услови за повремени сончеви периоди. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 0 степени, а максималната дневна до 8 степени.
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во наредните денови ќе продолжи трендот на претежно сончево и релативно топло време. Тоа што е карактеристично е што во утринските и вечерните часови ќе има појава на магла поради температурната инверзија, а на повисоките места и планините ќе имаме доста топло време. Во петок и во недела максималната температура ќе достигне до 9 односно до 17 степени, додека најтопло ќе биде во понеделник кога максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 12 до 19 степени.
Weather4all.com.mk