Во Македонија во вторник ќе биде претежно облачно со услови за повремени сончеви периоди, ветровито и топло.
Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер кој понекаде ќе достигне брзина и до 20 км/ч. Во западните предели ќе дува и умерен источен ветер.
Утринските температури ќе бележат благ пораст и ќе се движат од 2 до 9 степени, додека максималните дневни температури ќе достигнат до 6 односно до 16 степени.
Во Скопје во вторник ќе биде претежно облачно со услови за повремени сончеви периоди и ветровито. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Утринската температура од 7 степени, а максималната дневна до 13 степени.
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА
Следува период на нестабилно време со врнежи од дожд и ветровито.
Во среда ќе биде облачно со врнежи од дожд и ветровито. Локално се очекуваат да наврнат и до 20 литри дожд. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер. Минималните температури ќе се движат 2 до 9 степени а максималните дневни ќе достигнат до 3 односно до 13 степени.
Во четврток претпладне ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди, попладне и во вечерните часови нестабилно со врнежи од дожд. Минималните температури од 1 до 8 степени, а дневните ќе се движат од 7 до 17 степени.
Во петок и сабота ќе биде облачно со врнежи од дожд.
Во петок во источните и југоисточните предели се очекуваат поинтензивни врнежи од дожд, па локално може да наврнат и до 25 литри дожд.
Утринските температури од 2 до 10 степени, а дневните температури ќе достигнат доп 5 односно до 15 степени.
Weather4all.com.mk