Во Македонија во сабота во утринските часови појава на
магла која понедека ќе се задржи и во раните претпладневни часови. Во
текот на денот ќе биде претежно сончево време со појава на облачност и
потопло време. Ќе дува слаб југоисточен и југозападен ветер.
Температурите ќе бидат во пораст, утринските ќе се движат од 2 до 9
степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 10 односно до 19
степени.
СКОПЈЕ – Во Скопје во утринските часови појава на магла која ке се
задржи и во раните претпладневните часови. Во текот на денот претежно
сончево со локална облачност и топло време. Слаб југозападен ветер.
Утринската температура од 6 степени, а максималната дневна до 17
степени.
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во Македонија во недела и понеделник умерено облачно
време со повремени сончеви периоди и топло со максимални температури кои
ќе се движат од 13 до 22 степени, со напомена дека во понеделник се
очекува и засилен југозападен и југоисточен ветер со брзина и до 35
км/ч, а во доцните попладневни во вечерните часови во
Охридско-Преспанскиот и Дебарскиот регион можни се и врнежи од дожд. Во
вторник и среда промена на временската состојба, под влијание на
медитерански циклон нестабилно време со обилни врнежи од дожд, ветровито
и пад на температурите. Локално се очекуваат да наврнат и над 40 литри
дожд. Во вторник дневните температури од 10 до 19 степени, а во среда од
7 до 16 степени. Над 1500 метри врнежите ќе бидат од снег.
СКОПЈЕ 5 ДЕНА – Во Скопје во недела и понеделник умерено облачно време
со сончеви периоди и топло за овој период од годината со дневна
температура до 20 степени. Во вторник и среда облачно со поинтензивни
врнежи од дожд и пад на максималната температура која ќе достигне до 17
односно до 14 степени.
Weather4all.com.mk